Почетна

Добредојдовте!

ВР Ескејп Авантури

  1. Се околу вас станува дел од авантурата – возбудливи виртуелни светови, реалистични ефекти и неочекувани пресврти што ве држат целосно потопени во искуството.
  2. Не само што решавате загатки – туку зачекорувате во возбудлива приказна каде што секој траг ве носи поблиску до откривање на мистеријата.
  3. Уживајте во приватно ВР искуство со вашите пријатели – само вашиот тим, без непознати, во свет што реагира единствено на вас.
Корпоративно

Надоградба на вашиот
тим преку
виртуелна реалност

Доведете го вашиот тим во Intetic Escape, врвното ВР Ескејп искуство, и подигнете ja тимската надоградба на сосема ново ниво.

Преку импресивни виртуелни предизвици, вашиот тим ќе ја зајакне комуникацијата, соработката, организацијата и критичкото размислување – сето тоа додека уживате во незаборавна заедничка авантура.

По завршувањето на искуството, ќе имате можност да го анализирате перформансот на вашиот тим, со истакнување на силните страни, областите за подобрување и индивидуалните увидувања на секој играч што ги одразуваат реалните динамики на тимската работа.

Заинтересирани сте да го донесете вашиот тим? Контактирајте не! +389 71 270 009 или испратете ни порака.
Ескејп соби за сечиј вкус!

НАШИТЕ СОБИ СЕ ИДЕАЛНИ ЗА

Пријатели и Семејства

Влезете во возбудлив виртуелен свет каде тимската работа и љубопитноста ве водат кон незаборавни авантури заедно.

Роденденски Забави

Прославете го вашиот посебен ден во сосема нова димензија - предизвикајте ги вашите пријатели во импресивно ВР ескејп искуство!

Тим Билдинг

Зајакнете ја соработката, комуникацијата и решавањето проблеми со вашите колеги преку нашите возбудливи корпоративни ВР предизвици.

Приватни Евенти

Планирајте персонализирано ВР искуство – од приватни забави на наша локација, до донесување на ВР светот директно на локација по ваш избор.
Обединете го вашиот тим!

Работете заедно за да решите
неколку поврзани загатки

Рецензии

Што велат
Играчите

Прекрасно искуство! Тимската работа, загатките, ВР светот… се се вклопи совршено. Со нетрпение очекуваме да ја пробаме следната авантура!

Наум Крцо

Не знаевме што да очекуваме, но излезе неверојатно. Предизвиците беа забавни и не натераа да работиме заедно во текот на целото искуство. Графиката и ефектите беа одлични. Сите бевме воодушевени од тоа колку реално и импресивно изгледаше.

Никола Гашо

Беше навистина уникатно искуство! Загатките имаа логика и навистина не тераа да размислуваме, а целото ВР поставување изгледаше толку реално. Во одредени моменти целосно заборававме дека стоиме во виртуелна соба. Чувството беше како да сме во филм. Дефинитивно нешто поразлично што до сега не сме доживеале и вредно за да се обидете.

Сандра Батлак

Најчесто Поставувани Прашања

Пронајдете одговори на некои од вашите прашања

Што е ова?

Ова се ВР Ескејп Соби – импресивни авантури во виртуелна реалност каде вие и вашиот тим решавате загатки, пронаоѓате траги и заедно ги исполнувате мисиите во неверојатни виртуелни светови.

Ако задоцнам, дали се уште можам да играм?

Да, можете да играте во преостанатото време од вашиот термин. Ако после вас нема друга резервација, ќе можете да продолжите и да ја завршите целата игра во предвиденото време.

Треба да ја променам/презакажам мојата резервација!

Нема проблем! Можете да ја презакажете во било кое време.
Ако сакате да откажете, ве молиме направете го тоа најдоцна еден ден однапред.

Колку луѓе можат да играат истовремено?

Зависно од ВР Ескејп собата, некои се дизајнирани од 2 до 6 лица, некои од 1 до 4, а некои од 2 до 4. Идеален број на лица е 4

Дали ми е потребна резервација?

Препорачливо е да направите резервација за да си го обезбедите посакуваниот термин. Сепак, секогаш сте добредојдени да дојдете и без резервација, и доколку има слободен термин, можете да играте веднаш.

Колкава е цената?

  • 750 денари по лице

Посетете ја нашата страница за цени за повеќе информации во однос на пакетите.

Некои игри веднаш до бројот на играчи има "Слободно движење", а на некои "Ограничено движење". Што се тие?

  • Игрите во кои може слободно да се движите во арената од 36 метри квадратни се обележани со “Слободно движење”
  • Игрите во кои имате лимитиран простор на движење од 6 квадратни метри се обележани со “Ограничено движење”

Дали ова е куќа на стравот?

Во некои од ВР собите може да се најде таа тема. Некои ВР соби содржат возбудливи или мистериозни моменти, но се се одвива во безбедно и контролирано ВР опкружување.

Колку време имам за да ја завршам играта?

Секоја ВР Ескејп соба трае максимум до 60 минути.

Дали има старосни ограничувања за играчите?

ВР Ескејп собите се дезајнирани за возрасни лица, но и за деца со возраст од 12 години па нагоре. Помладите учесници од 10-12 се добредојдени, но потребно е присуство на возрасно лице и добри вештини за решавање на загатки.

Дали треба да пристигнам однапред?

Да, ве молиме пристигнете 5 минути пред почетокот за да се подготвите за искуството.

Што треба (доколку воопшто треба) да понесам со себе на играта?

Само понесете го вашиот тимски дух и љубопитност! Се останато што ви е потребно за авантурата – ние го обезбедуваме.

Дали е страшно?

Некои искуства содржат лесно страшни или возбудливи моменти. Секогаш можете да изберете тип на авантура што најмногу му одговара на вашиот тим.

Подарок ваучер

Впечатокот е најдобриот подарок!

Ваучерите се убаво спакувани и можат да бидат одличен подарок за посебна личност во вашиот живот. Носителот на ваучерот може да закаже било кој термин во рок од три месеци.

Купи Ваучер