1-4 Играчи (Ограничено движење)
60 Минути
Лиса Центар 1 спрат
Тежина

Станете дел од приказните и бидете Алиса во Земјата на Чудата! Потонете во свет на вистинска магија! Треба да ги откриете тајните на Кралицата на срцата, која фрлила клетва врз времето во Земјата на Чудата.

Напијте се од напитокот за смалување и следете го белото Зајаче низ лавиринтите на светот зад огледалото, каде се е превртено наопаку. Помогнете му на Шапкарот, кој е заглавен во времето, да го среди хаосот на лудиот чајник. Мачорот Чешир ќе ве води низ таинствените патеки на Темната Шума. Спасете ги самовилите кои го знаат тајниот план на злобната кралица, користејќи ги насоките од мудрата Гасеница.

Пронајдете начин да се протнете покрај стражарите од карти во замокот преполн со измамливи стапици за да ја поразите Кралицата на срцата, да ја отстраните клетвата од главната саат-кула и да ја спасите Земјата на Чудата.