
Куќа со задушлива атмосфера… светла што брзо трепкаат и застрашувачки звуци што доаѓаат од ѕидовите, иако внатре нема никој. Морничави шепотења. Ненадејни човечки извици. Сенки што се движат во темнината. Потполна темнина на непознатото. Колку подлабоко навлегуваш во приказната за Куќата, толку повеќе Куќата навлегува во твојата душа. Мртвите го бараат живото. Тие те бараат тебе.
Мистериозно и брутално убиство во мал град ги шокирало локалните жители. Се зборува дека една ноќ окултисти ја убиле целата фамилија и ги проколнале нивните души, засекогаш затворајќи ги во ѕидовите.
Можеш ли да ја решиш оваа сложена мистерија? Дали навистина си подготвен да го истражиш секое ќоше од ова мрачно и суморно место за да ги ослободиш несреќните души на оваа фамилија?
Добро размисли. Ако не успееш, Куќата засекогаш ќе ја проголта и твојата душа.







