2-4 Играчи (Ограничено движење)
60 Минути
Лиса Центар 1 спрат
Тежина

Тајните служби лоцираа и неутрализираа познат терорист кој последните десет години се криел во запуштен дел од градот. Тука завршуваат добрите вести. Се покажало дека на покривот од напуштена висока зграда поставил нуклеарна боева глава со тајмер. Самата зграда е претворена во кула полна со сложени стапици и пречки.

Вие сте препорачани како специјалист за вакви загатки, а тајната служба ви помогна да се инфилтрирате во дворот. Остатокот зависи од вас. Можете ли да ги поминете сите стапици и навреме да спречите нуклеарен напад?