
Агенцијата “Unravel Corp”, специјализирана за необјасниви феномени, е во потрага по нови искусни агенти за мисија со висок ризик.
Радарите детектираа непознат бран кој потекнува од артефакт стар околу 5.000 години, според проценките. Лоциран е под напуштен и нерегистриран рудник во Мексико.
Агенцијата располага со тајна лабораторија во која е развиена машина за телепортација, со цел да ве испрати на места недостапни за човекот.
Вашата мисија е да го пронајдете артефактот без да бидете елиминирани.
Со среќа.
П.С.: Внимание! Агенцијата не презема никаква одговорност во случај на неправилна употреба на телепортерот.







