2-4 Играчи (Ограничено движење)
60 Минути
Лиса Центар 1 спрат
Тежина

Неодамна наследивте стара куќа и решивте да ја разгледате заедно со вашите пријатели. Запуштениот стар мебел беше покриен со слој сива прашина. Се чинеше како времето тука да застанало.

Токму кога се подготвувавте да си заминете, забележавте скали што водеа кон таванот. Без многу надеж дека ќе најдете нешто интересно, се искачивте горе, и одеднаш видовте сосема нова врата. Остро се издвојуваше од избледените ѕидови и прашливите предмети, како штотуку да беше поставена. Задржувајќи го здивот, решивте да ја отворите и да видите што се крие зад неа.

Никој не можеше да очекува што следеше… Со забрзано дишење и срце кое ви чукаше како лудо, не можевте да поверувате на очите. Цел еден нов свет.

Смирувајќи ги емоциите и собирајќи ги мислите, започнавте да барате излез. Наскоро повторно ги здогледавте истите тие нови бели врати, но за да ги отворите, требаше да ги откриете сите тајни на овој мистичен свет. Патот кон дома ќе биде збунувачки и трнлив. Само со тимска работа можете да ги совладате сите предизвици и да се вратите на таванот, таму каде што се започна.

Дали сте подготвени да го прифатите предизвикот и да ги откриете сите тајни што се кријат зад мистериозната врата? Почувствувајте го адреналинот и тргнете во авантура каде секој чекор носи нови загатки и откритија!