2-6 Играчи (Слободно движење)
60 Минути
Лиса Центар 1 спрат
Тежина

Вашиот пиратски екипаж ја фатил „Пелагиската чума“ – болест што полека ги претвора луѓето во чудовишта со изглед на риби! Гласините велат дека единствениот лек е да се изеде срцето на кракен, но кракените одамна се сметаат за изумрени!

Сепак, легендата зборува за изгубен храм на еден остров каде што последното срце на кракенот се уште може да се најде. За жал, водите околу островот се преполни од жртви на чумата кои бараат борба.

Побрзајте! Ви преостанува малку време пред болеста да стане трајна и вашиот екипаж да биде проколнат засекогаш!