1-4 Играчи (Ограничено движење)
60 Минути
Лиса Центар 1 спрат
Тежина

Планиравте незаборавно патување на одмор со вашите пријатели. Но не очекувавте дека ќе се претвори во борба за опстанок. Молња го удри авионот и тој се урна покрај мал ненаселен остров во Тихиот Океан. Предавателот во пилотската кабина не функционира како што треба и не ви дозволува да го наместите на радиофреквенцијата што ви е потребна за да повикате помош. Никој не знае колку ќе треба да чекате додека спасувачкиот тим ве пронајде…

Во меѓувреме, сте во шок, исплашени и гладни. Нема залихи, а околу вас има само дива природа. Времето се влошува и ви треба место каде да се засолните. Искористете го критичкото размислување за да преживеете. Истражете што може да се најде на островот и како тоа може да ви помогне да останете живи.